Руската вакцина одобрена во Србија

пред 3 години

По Фајзер-Бионтек, и руската вакцина доби зелено светло за употреба во Србија.

Вакцината Спутник V ги помина сите потребни тестови во Агенцијата за лекови и медицински помагала. Квалитетот на руската вакцина е потврден и може да почне да се дава, информираа српските власти.

Во Србија веќе пристигнаа 2.400 дози од вакцината Спутник V, а на почетокот на 2021 година се очекува значително поголема количина. Масовната вакцинација со Спутник V , веројатно, ќе почне во втората половина на јануари.

Вакцинирањето против коронавирус со вакцината на компаниите Фајезер и Бионтек започна во Србија на 24 декември.

Share
Scroll to Top