Руската војска будно го следи американскиот разурнувач вооружен со крстосувачки ракети во Црното Море

пред 2 години

Американскиот разурнувач „Портер“ вооружен со крстосувачки ракети вплови во Црното Море, неговото движење го следат силите на руската Црноморска флота, соопшти рускиот национален центар за управување со одбраната.

„Црноморската флота почна да ги следи дејствијата на разурнувачот со крстосувачки ракети „Портер“ на морнарицата на Соединетите Американски Држави, кој навлезе во водите на Црното Море на 30 октомври 2021 година“, соопшти Центарот пренесоа руските агенции.

Претходно американската морнарица објави дека седиштето на Шестата флота на американската морнарица и ударните поморски сили и силите за поддршка на НАТО започнуваат со операции во Црното и Средоземното Море.

Седиштето на Шестата американска флота се наоѓа во италијанскиот град Неапол, од каде е организиран целиот спектар на поморски операции.

Според агенциите, Русија постојано го привлекувала вниманието со фактот дека силите на НАТО се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во Црното Море.

Share
Scroll to Top