Рускиот амбасадор кој беше полеан со боја: Тоа беше испланирано, вклучени се полските служби

пред 3 години

Рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, беше полеан со боја од демонстранти при обидот да положи венец на гробиштата на советските војници на Денот на победата во Варшава.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој сега тврди дека нападот во боја бил внимателно испланиран и дека полските служби биле вмешани во тој случај.

„Не можам да верувам дека тоа беше спонтана акција. Полска има многу квалификувани служби за спроведување на законот и безбедноста. Сето ова е подготвувано долго време, не е направено без знаење, без контрола на полските служби“, рече амбасадорот на рускиот Канал 1.

За потсетување, на снимката се гледа како во еден момент насобраната толпа почна да скандира „фашисти“.

Демонстрантите потоа фрлија црвена боја врз рускиот амбасадор во Варшава.

Share
Scroll to Top