Рускиот амбасадор ја тужи италијанската „Ла Стампа“ за споменувањето на убиство на Путин

пред 3 години

Рускиот амбасадор во Италија Сергеј Разов поднесе тужба против италијанската „Ла Стампа“ поради објавување коментар во кој се сугерира дека единствената опција за завршување на војната би била убиството на Владимир Путин.

„ Непотребно е да се каже дека ова е спротивно на правилата на новинарството и моралот“, им рече Разов на новинарите пред канцеларијата на римското обвинителство, откако ја поднесе тужбата.

„Ројтерс“ пренесува дека Разов, кој разговарал со новинарите на руски јазик и имал преведувач, рекол дека ја обвинува „Ла Стампа“ за поттикнување криминал и одобрување на злосторството.

На 22 март, „Ла Стампа“ објави анализа со наслов „Украинско-руска војна: ако убиството на тиранин е единствената опција …“.

Во написот се наведува дека доколку сите други опции не успеат да ја запрат руската инвазија на Украина, единствено решение би било некој да го убие Путин.

Share
Scroll to Top