Руските власти ја блокираа веб-страницата на Би-Би-Си, Захарова: Ова е само почеток

пред 2 години

Руските власти денеска го блокираа сајтот на британскиот јавен сервис Би-Би-Си, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа во објава на социјалната мрежа Телеграм додаде дека „ова е само почеток на акции кои се одговор на информациската војна иницирана од Западот“, пренесува Ројтерс.

Share
Scroll to Top