Руските сили гранатираа џамија во која имало 80 возрасни и деца

пред 3 години

Руските сили гранатираа џамија во јужниот украински пристанишен град Мариупол, при што беа засолнети повеќе од 80 возрасни и деца, вклучително и турски државјани, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи на Украина на Твитер објави дека џамијата на султанот Сулејман Величествениот во Мариупол била гранатирана од руски „напаѓачи“.

– Од гранатирањето се кријат повеќе од 80 возрасни и деца, меѓу кои и турски државјани – наведува Министерството за надворешни работи на Украина.

Нема извештаи за жртви.

Москва негираше дека цели на цивилни области.