Руски атентатори се обиделе да упаднат во зградата во која биле Зеленски и неговото семејство

пред 2 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одбил да го напушти Киев дури и кога руски атентатори се обиделе да упаднат во зградата во која бил тој со семејството, пишува магазинот ТАЈМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Претседателскиот советник Олексеј Арестович изјави за магазинот дека претседателот мора да биде евакуиран на безбедно место надвор од главниот град и дека советниците го предупредиле на ризикот од снајперски напади и гранатирање. Зеленски и неговите помошници добија панцири и автомати, но не сите знаеја како да ги користат, пишува Скај њуз.

Тој откри и дека сопругата и децата на претседателот се уште биле во зградата кога Русите на 24 февруари двапати се обиделе да упаднат во неа.

Претседателот одби да замине, иако неговото семејство беше однесено на побезбедна локација. Пред некоја вечер, Зеленски сними видео надвор за да им покаже на луѓето дека сè уште е во Киев.

Арестовиќ, исто така, рече дека Зеленски бил на фронтот на почетокот на март само со мал тим за обезбедување.

Share
Scroll to Top