Руски воени бродови се уапатија кон Црното море

пред 2 години

Шест руски воени бродови испловиле oд Средоземното море кон Црното Море, на воени вежби.

Ваквата акција, како што беше соопштено, е дел од однапред планираното движење на воените ресурси, пренесува агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Русија минатиот месец објави дека нејзината морнарица ќе известува за сеопфатни вежби од Пацификот до Атлантикот, во кои ќе учествуваат сите нејзини флоти во јануари и февруари.

Share
Scroll to Top