Руски војник уби три лица на воениот аеродром во близина на Воронеж

пред 3 години

Три лица се убиени, а најмалку едно лице е повредено откако 20-годишен руски војник ги нападнал своите колеги во градот Воронеж утринава, пренесува РТ. За осомничениот се вели дека сè уште е на слобода.

Трагедијата се случила на воениот аеродром „Балтимор“ на 490 км јужно од Москва. Според прелиминарните извештаи, војник вооружен со секира тргнал по група луѓе, успеал да заплени автоматска пушка, а потоа отворил оган.

Се чини дека младиот човек, идентификуван како Антон Макаров, првично се скарал со еден офицер додека бил на стража, пренесува Интерфакс.

Меѓу неговите жртви има двајца офицери и уште еден регрут, објави ТАСС. Четвртиот колега, наводно, преживеал и е хоспитализиран.

Локалните медиуми објавија дека потрагата по војникот ја спроведува воената и цивилната полиција и војниците од Руската национална гарда. Извештаите нудат спротивставени информации за тоа дали Макаров го напуштил местото на настанот или останал на аеродромот по инцидентот.

 

Share
Scroll to Top