Руски војници пристигнаа во Казахстан

пред 2 години

Првите единици oд рускиот контингент на мировни сили од Организацијата за договорот за колективна безбедност (ОДКБ) пристигнаа во Казахстан со воен транспортен авион, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Министерството соопшти дека единиците на 45-та специјална бригада на воздухопловните сили биле испратени од постојаната база на аеродромот Чкаловски.

Руските воздухопловно-вселенски сили и транспортната авијација испратија припадници на воздухопловните сили во Казахстан, како дел од ОДКС, соопшти претходно секретаријатот на таа организација.

Немирите во Казахстан избија на 2 јануари во регионот Мангистау на југозападот од земјата, каде граѓаните започнаа протести против високите цени на горивата.

Два дена подоцна избувнаа немири во Алмати, југоисточниот дел на земјата и други градови, каде дојде до судири со полицијата.

Во судирите има жртви, а казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев воведе двонеделна вонредна состојба и ја распушти владата.

Токаев ги обвинува демонстрантите за „масовни напади врз органите на редот“ во кои има загинати и многу повредени и тврди дека земјата е нападната од „терористички“ групи.

„Имам намера да се однесувам што е можно построго“, рече тој претходно, кога и првично побара помош од ОДКС.

Белата куќа и ОН апелираа до казахстанските власти да покажат воздржаност.

Share
Scroll to Top