Руски институт развива вакцина против сезонски алергии

пред 4 години

Рускиот имунолошки институт (ФМБА) развива вакцина против сезонски алергии, а веќе се спроведени претклинички студии, изјави денеска заменик-шефицата на таа институција, Евгенија Назарова.

„ Нашиот институт развива вакцина против алергија. Предклиничките студии се веќе спроведени и дадоа многу добри резултати. Сега се планирани клинички студии“, рече Назарова на прес-конференција, пренесува РИА Новости.

Назарова посочи дека се зголемува бројот на пациенти кои имаат алергии, наведувајќи дека повеќе од една третина од светската популација страда од алергии, особено во градовите.

Share
Scroll to Top