Руски милијардер ја осуди војната во Украина: Лудата војна никому не му користи

пред 3 години

Рускиот милијардер Олег Тинков, основачот на интернет банката Тинков, на Инстаграм ја осуди оваа „безумна“ руска војна во Украина.

Тој го повика Западот да помогне да се запре масакрот и рече дека деведесет проценти од Русите се против таа војна и дека бесмислена војна никому не му користи затоа што умираат невини луѓе и војници.

Инаку, банката Тинков е основана во 2006 година, а според последните извештаи има околу 20 милиони клиенти.

Кога станува збор за Тинков, тој е на списокот на луѓе кои се погодени од британските санкции поради руската инвазија на Украина.