Руски нобеловец ја донира наградата за мир за помош на украинските бегалци

пред 3 години

Рускиот новинар Дмитриј Муратов денеска најави дека ќе го донира медалот на Нобеловата награда за мир, што ја доби минатата година, за да биде продаден на аукција за собирање средства за помош на украинските бегалци.

Во независниот весник „Новаја газета“, во кој тој е главен уредник, Муратов ги повика луѓето „да го споделат со бегалците, ранетите и децата на кои им е потребен итен третман она што им се допаѓа и што има вредност за другите“.

Тој побарал помош од аукциските куќи за да ја организира продажбата, пренесува АП.

Муратов минатата година ја подели Нобеловата награда за мир со филипинската новинарка Марија Реса.

Тој рече дека својот дел од парите од Нобеловата награда ги донирал во добротворни цели, меѓу другото за независните медиуми, домот за изнемоштени во Москва и деца со проблеми со ‘рбетот.

Share
Scroll to Top