Руски падобранци испратени во Казахстан

пред 3 години

Авионот на руските воздухопловно-космички сили и транспортната авијација испратија припадници на Воздухопловните сили во Казахстан, како дел од мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), соопшти денеска Секретаријатот на таа организација.

„Руските воени единици на Воздухопловните сили се приклучија на колективните мировни сили на ОДКБ“, се вели во соопштението на Секретаријатот.

Немири во Казахстан избија на 2 јануари во регионот Мангистау на југозападот на земјата, каде граѓаните протестираа против високите цени на горивото.

Share
Scroll to Top