Руски патнички авион испратил повик за помош над Кина, а потоа извршил итно слетување

Руски патнички авион испратил повик за помош над Кина, а потоа извршил итно слетување

пред 2 часа

Авионот на руската компанија „Азур Ер“, на летот од Пукет до Барнаул, безбедно слета на аеродромот Ланжоу во Кина, откако испрати сигнал за вонредна состојба за време на летот, пренесуваат медиумите во регионот.

Портпаролот на компанијата објави дека во авионот што непланирано слета во Ланжоу, Кина, имало 238 патници и членови на екипажот и дека сите се неповредени.

Авионот бил на половина пат до Сибир кога бил испратен сигнал за помош во кинескиот воздушен простор.

„Азур Ер“ е руска авиокомпанија со седиште во Москва.

Текстот Руски патнички авион испратил повик за помош над Кина, а потоа извршил итно слетување е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top