Руски тенкови се упатуваат кон Киев – украинската армија урна мост за да ја запре колоната

пред 2 години

Конвојот руски тенкови кој се движел кон Киев бил запрен во близина на селото Иванков, каде што украинските сили разнеле мост за да го запрат конвојот, пишува „Украинска правда“, повикувајќи се на извор од Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Како што се наведува, руски тенкови се движат кон Киев, но борбата кај Иванков е започната.

Украинските сили дигнаа во воздух мост за да го запрат рускиот конвој, пишува весникот, додавајќи дека Иванков е на половина пат од границата до Киев.

Share
Scroll to Top