Одлуката на Соединетите Американски Држави да повлечат околу 5.000 војници од Германија нема никакво влијание врз способноста на НАТО да се одбрани, изјави денес во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.
„Знаеме дека ќе има прилагодувања, но тоа ќе се прави постепено и на структуриран начин“, изјави Марк Руте пред новинарите.
Тој спомена дека наскоро би можеле да бидат претставени „Модел на сили“, збир на воени сили достапни во 32-те земји на Алијансата, вклучувајќи ги и САД, кои можат да се мобилизираат, доколку е потребно, за помалку од 180 дена.
Неколку европски дипломати во Брисел изјавија дека очекуваат САД да објават намалување на расположливите сили, но не дадоа детали или бројки.
Намалувањето на бројот на американските сили, кое го објави Пентагон на почетокот на мај, според написите ќе стапи на сила во следните шест до 12 месеци и ќе изнесува околу 15 проценти од 36.000 војници стационирани во Германија, каде што ова присуство игра клучна улога за безбедноста и локалната економија.
Текстот Рутe: Повлекувањето на американските сили од Европа нема да има никакво влијание врз НАТО е превземен од МАКФАКС.





