САД воведоа санкции за Турција поради набавката на рускиот ракетен систем С-400

пред 3 години

САД денеска воведоа санкции против турскиот Секретаријат за одбранбена индустрија, неговиот директор Исмаил Демир, како и некои други вработени.

Причината е купувањето на рускиот ракетен систем С-400, соопшти Министерството за финансии на САД.

Санкциите вклучуваат забрана за добивање дозвола за извоз во САД, како и замрзнување на имотот, но и визни рестрикции за директорот Демир и уште тројца вработени, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД и ’ставиле јасно до знаење на Турција дека купувањето на рускиот систем С-400 ќе ја загрози безбедноста на американската воена технологија и персоналот.

Тој ја повика Турција да го реши прашањето со ракетниот систем во координација со САД, пренесува „Ројтерс“.

Пред објавувањето на санкциите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека заканата е вознемирувачка.

„Очекуваме поддршка од нашиот сојузник во НАТО, САД, во борбата против терористичките организации и силите што имаат планови за нашиот регион, а не санкции“, истакна Ердоган.

Share
Scroll to Top