САД го предупредува најголемиот увозник на руско оружје да не се приближува премногу до Москва

пред 3 години

Соединетите Американски Држави ја предупредија Индија да се грижи нејзиното партнерство со Русија да не биде премногу блиско, по руската инвазија на Украина, изјави главниот економски советник на Белата куќа Брајан Дис.

„Нашата порака до индиската влада е дека трошоците и последиците од преминот кон поексплицитно стратешко усогласување со Русија ќе бидат значајни и долгорочни“, рече Дис, кој е директор на Националниот економски совет на Белата куќа.

Тој нагласи дека има области во кои САД се разочарани од одлуките на Кина и Индија, во контекст на инвазијата.

Индија одби да воведе санкции кон Русија. Земјата, која САД ја гледаат како некој што може да се спротивстави на моќта на Кина во Азија, според „Блумберг“ е најголемиот увозник на руско оружје.

Share
Scroll to Top