САД и Израел извршија напади врз ирански нуклеарен објект, објавија државните медиуми

САД и Израел извршија напади врз ирански нуклеарен објект, објавија државните медиуми

пред 2 часа

САД и Израел утрово извршија напади врз иранскиот нуклеарен погон Натанз, објави иранската државна новинска агенција Тасним.

Според извештајот, по истрагите на локацијата по ударот не е пријавено истекување на радиоактивен материјал.

Исто така, нема опасност за жителите што живеат во близина на објектот.

Трамп повеќепати истакна дека еден од клучните цели на САД во иранската војна е искоренување на способноста на земјата да произведува нуклеарно оружје.

Постројката во Натанз и претходно беше погодена во напад за време на конфликтот.

Ова е еден од најголемите центри за збогатување ураниум во земјата и беше едно од местата што САД ги таргетираа во операцијата „Полноќен чекан“ во јуни минатата година.

Текстот САД и Израел извршија напади врз ирански нуклеарен објект, објавија државните медиуми е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top