САД и испраќа нов пакет оружје на Украина во вредност од 820 милиони долари

пред 2 години

САД вчера и официјално најавија дека на Украина ќе и испратат нов пакет оружје во вредност од 820 милиони долари.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во новиот пакет воена помош ќе се најдат проектили земја-воздух, противартилериски радари кои треба да им помогнат на Украинците поуспешно да се носат со руските далекусежни удари кои зачестија во последниот период.

Пентагон најави дека во Украина ќе испрати и околу 150.000 парчиња артилериска муниција.

Се работи за 14. пакет воена помош за Украина од август минатата година. Досега САД им овозможија на Украинците оружје и обука во вредност од 8,8 милијарди долари.

Пентагон објави дека во Украина ќе испратат уште муниција за модерни повеќецевни фрлачи за ракети од типот „Himars“ кои првпат беа пратени минатиот месец.

Share
Scroll to Top