САД: Русите целосно го опколија Мариупол

пред 2 години

Мариупол во јужна Украина сега е изолиран од руската војска, иако руските сили сè уште го бомбардираат градот и не се наоѓаат во него, изјави висок претставник на американската одбрана, пишуваат агенциите.

Си-Ен-Ен претходно објави дека жителите на Мариупол со денови биле исклучени од вода и струја.

САД, исто така, веруваат дека руските сили сè уште не влегле во Миколаев, клучен град што може да се користи како дел од координиран напад врз градот Одеса.

Руските сили се уште се обидуваат да напредуваат кон градовите Харков и Чернихив, но се уште се соочуваат со украински отпор и напредуваат повеќе во јужна Украина отколку на друго место во земјата, изјавил американски официјален претставник.

Share
Scroll to Top