Според најновите проценки на американските разузнавачки служби, Русија сега има близу 75 отсто од своите конвенционални сили насочени против Украина, пишува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американскиот претставник информиран за разузнавањето.
Споменатиот функционер за Си-Ен-Ен изјави дека концентрацијата на силите на оддалеченост од која може да биде нападната Украина е многу невообичаена и дека тоа е дел од причините поради кои САД веруваат дека Русија е подготвена да изврши напад.
Ова вклучува околу 120 од вкупно проценетите 160 баталјонски тактички групи, кои се наоѓаат во радиус од 60 километри од Украина, изјави официјалниот претставник.