САД седма ноќ го напаѓаа Иран, Техеран возврати со удари врз Кувајт и Јордан

САД седма ноќ го напаѓаа Иран, Техеран возврати со удари врз Кувајт и Јордан

пред 8 часа

Американската војска ја заврши седмата последователна ноќ на напади врз Иран, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), наведувајќи дека цел на операциите биле воена логистичка инфраструктура и други воени објекти.

Во меѓувреме, иранската војска соопшти дека, како одговор на американските напади, погодила воени цели во Кувајт и Јордан. Според иранската државна телевизија, биле гаѓани кампот Ал-Адири и воздухопловната база Али ал-Салем во Кувајт, како и воздухопловната база Ал-Азрак во источен Јордан.

Од CENTCOM соопштија дека повеќе од 50.000 американски војници остануваат распоредени низ Блискиот Исток и се подготвени за борбени дејствија.

Текстот САД седма ноќ го напаѓаа Иран, Техеран возврати со удари врз Кувајт и Јордан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top