Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, рече дека толкувањето на рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, за ситуацијата со 24 руски дипломати е неточно.
Како што наведуваат светските медиуми, на нив ќе им се доделат американските визи.
Тој на брифинг со новинарите рече дека руските дипломати „можат да поднесат барање за продолжување на визата“ и додаде дека овие апликации се одлучуваат „од случај до случај“, пренесува „Ројтерс“.
Антонов претходно во интервју за списанието „Национален интерес“ рече дека САД и предадоа на Русија список од 24 дипломати кои треба да ја напуштат земјата до 3 септември поради истекот на визите.
Москва и Вашингтон веќе некое време се во судир, а односите дополнително се заладија откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин е убиец.
Тензиите, сепак, се намалија по состанокот на 16 јуни, пренесува „Ројтерс“.