Министерството за одбрана на САД ќе го отстрани кинескиот „Шаоми“ од црната листа на владата, покажуваат судски документи, со што се отвора патот за идни американски инвестиции во овој производител на паметни телефони.
Судското досие вели дека двете страни ќе се договорат да го решат актуелниот спор без натамошни процеси, со што завршува краткиот и контроверзен спор меѓу компанијата и Вашингтон.
Од „Шаоми“ веднаш не одговориле на барањето на „Ројтерс“ за коментар.
Претходно годинава, Министерството за одбрана на САД, под администрација на Трамп, ја прогласи компанијата за поврзана со кинеската војска, па така беше ставена на список за забрана за американски инвестиции.
„Шаоми“ брзо реагираше со поднесување тужба против владата на САД, нарекувајќи го третманот незаконски и неуставен и негирајќи какви било врски со кинеската армија.
Во март, под администрација на Бајден, федерален судија привремено го блокираше активирањето на црната листа.
Како што се прошири веста за одлуката, акциите на „Шаоми“ скокнаа за 6 проценти во Хонгконг.