Командантот на иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ), Хосеин Салами, денеска се закани дека Иран ќе му зададе болен удар на Израел доколку изврши напад врз таа земја.
„Ако направите грешка и ги нападнете нашите цели во регионот или Иран, ќе ви зададеме болен удар“, рече Салами откога Израел објави дека ќе одговори на иранскиот ракетен напад од 1 октомври.
Тој исто така нагласи дека напредниот систем за противвоздушна одбрана што САД го инсталираа во Израел нема да ја спречи иранската одмазда, објави „Ал џезира“.
За време на нападот врз Израел, Иран лансира речиси 200 балистички ракети, пренесува „Танјуг“.
Текстот Салами: Ќе му зададеме болен удар на Израел доколку го нападне Иран е превземен од МАКФАКС.






