Само што излезе, Земан повторно вратен во болница – позитивен е на Ковид-19

пред 2 години

Чешкиот претседател Милош Земан е позитивен на Ковид-19 и се враќа на болничко лекување, само неколку часа откако денеска беше пуштен од здравствената установа, соопшти неговиот кабинет, потврдувајќи ги пишувањата на чешките медиуми, пренесува „Ројтерс“.

Кабинетот соопшти и дека работните обврски на 77-годишниот чешки претседател ќе му бидат одложени додека се лекува од Ковид-19.

Земан утре требаше да именува нов премиер, по изборите во октомври.

Чешкиот претседател денеска беше пуштен од воената болница, каде што помина повеќе од шест недели, откако на 10 октомври итно беше пренесен на одделот за интензивна нега.

Лидерот на опозициската десница Петер Фијала неодамна најави дека Земан утре ќе му додели мандат за состав на новата влада.

Share
Scroll to Top