Американската компанија за вселенска технологија Максар објави сателитски снимки од кои, како што тврди, се гледа дека повеќе од 100 воени возила и десетици воени шатори се прераспоредуваат на југот на Белорусија, во близина на украинската граница.
Британската агенција Ројтерс забележува дека не може да ја потврди автентичноста на овие снимки на компанијата Максар, која со недели го следи акумулацијата на руските сили.
На снимката се гледа и дека нова теренска болница е додадена на воениот гарнизон во западна Русија, во близина на границата со Украина, тврди Макса.
Според компанијата, транспортери со тешка опрема, што се користи за преместување тенкови, артилерија и друга тешка опрема, биле забележани во близина на украинската граница во западна Русија, како и распоредување на неколку нови војници.