Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот

Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот

пред 6 месеци

Светската политичка и економска елита денеска се собира во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот Светски економски форум (СЕФ).

На годинешниот собир ќе присуствуваат речиси 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери.

Лидерските говори ќе почнат утре по денешното официјалното отворање на конференцијата.

Официјалната програма вклучува разговори и панели за сајбер-криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени со мотото „Соработка за интелигентна доба“.

Но, набљудувачите веруваат дека годинешниот состанок повеќе од сè ќе биде преокупиран со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите потези во неговиот втор претседателски мандат.

Трамп претходно најави дека ќе воведе царини за увоз од Кина и други големи трговски партнери, од кои повеќето ќе бидат претставени на СЕФ.

Трамп беше првиот американски претседател кој лично присуствуваше на форумот за време на својот мандат. В четврток 78-годишниот Трамп повторно ќе зборува во Давос, но преку видеоврска.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да зборува утре, истиот ден со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Текстот Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top