Северна Кореја лансираше ракета со краток дострел

Северна Кореја лансираше ракета со краток дострел

пред 5 часа

Северна Кореја лансираше балистичка ракета со краток дострел кон морето источно од Корејскиот Полуостров денеска, објави војската на Јужна Кореја.

Јапонската влада соопшти дека Пјонгјанг лансирал нешто за која верува дека е балистичка ракета.

Лансирањето следеше по серија ракетни тестови оваа година, вклучувајќи балистички ракети со краток дострел, ракетна артилерија и друго оружје дизајнирано да ги зајакне воените капацитети на изолираната земја.

Северна Кореја последен пат тестираше оружје кон крајот на јуни, а тестот вклучуваше повеќе ракетни лансери, тактички балистички ракети и самоодни хаубици, објави државната новинска агенција на Северна Кореја, KCNA.

Текстот Северна Кореја лансираше ракета со краток дострел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top