Северна Кореја нема ниту еден случај на коронавирус

пред 4 години

Северна Кореја соопшти дека тестирала 13.257 луѓе и дека не пронашла ниту еден позитивен случај на Ковид-19, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација.

Извештајот се заснова на податоци од 15 лаборатории во Северна Кореја, а кој Министерството за јавно здравје на оваа земја го достави до СЗО, пренесе Си-ен-ен.

Во него се наведува дека во Северна Кореја се наметнати ограничувања за патување и дека сите влезни точки се затворени на неопределено време.

Севернокорејската влада тврди дека во таа земја не е откриен ниту еден случај на Ковид-19, но експертите тоа често го доведуваат во прашање.

Share
Scroll to Top