Северна Кореја повторно истрела неидентификувани ракети

пред 2 години

Северна Кореја повторно истрела неидентификувани проектили во Источното Море, соопшти војската на Јужна Кореја неколку дена по лансирањето хиперсонична ракета.

Генералштабот на армијата на Јужна Кореја ја проследил веста до новинарите, без да соопшти повеќе детали, пренесуваат светските медиуми.

Северна Кореја во средата објави дека извршила уште еден хиперсоничен ракетен тест.

Државните медиуми објавија дека ракетата направила странично движење од 120 километри и точно ја погодила целта на 700 километри и дека тестот ја потврдил контролата на летот и стабилноста на оружјето.

Share
Scroll to Top