Северна Кореја ја лансира својата најнапредна ракета со долг дострел, соопштија јужнокорејските власти, спротивно на резолуцијата на Обединетите нации (ОН).
Лансирањето интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) наиде на итна осуда од Западот.
Ракетата падна западно од островот Хокаидо во Јапонија.
Овој потег доаѓа откако јужнокорејските и американските одбранбени претставници се состанаа минатата недела за да разговараат за ажурирање на плановите за одвраќање нуклеарен напад од Северот.
Пјонгјанг вети дека ќе преземе „поофанзивни контрамерки“ како одговор.
Оваа изолирана азиска држава лансира ракета со долг дострел околу 8.24 часот по локално време од главниот град Пјонгјанг.
Јужнокорејските и јапонските власти соопштија дека ракетата патувала 73 минути покривајќи растојание од речиси 1.000 километри.
Дострелот на овој тип балистичка ракета е толку голем што може да стигне до северноамериканскиот континент.
Текстот Северна Кореја ја лансира својата најнапредна ракета со долг дострел спротивно на резолуцијата на Обединетите нации е превземен од МАКФАКС.






