Седумдесет проценти од Израелците постари од 16 години jа примиле првата доза вакцина

пред 3 години

Повеќе од 70 проценти од луѓето постари од 16 години во Израел ја примиле првата доза вакцина против Ковид-19, изјави министерот за здравство Јули Еделштајн.

Еделштајн на „Твитер“ напиша дека 4.456.000 луѓе ја примиле својата прва доза на вакцина, од кои 3.076.000 примиле втора вакцина.

Со доаѓањето на еврејскиот празник Пурим оваа недела, министерот предупреди на масовни зарази на планираните прослави.

На Израелците кои ги примија двете дози на вакцина, сега им е дозволено да посетуваат спортски центри, театри, музеи и хотели.

Тие мора да покажат потврда за вакцинација на влезот, т.н. „зелена пропусница“.

Share
Scroll to Top