Седум црногорски граѓани го напуштија Киев – 20 останаа

пред 2 години

Поради актуелната криза, Украина досега ја напуштиле седум црногорски државјани, а од Конзулатот на Црна Гора во Киев наведуваат дека се во постојан контакт со уште 20, колку што останале во таа земја.

Ова за ТВЦГ го соопшти Министерството за надворешни работи, наведувајќи дека Црна Гора „ја осудува одлуката на Русија да ги признае самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск“.

„Пристапот на Црна Гора кон актуелната криза подразбира недозволивост за натамошна ескалација, како и потреба од барање дипломатско решение“, соопшти МНР.

Share
Scroll to Top