Мирното село Фуентес де Андалузија на југот на Шпанија го промени своето име во Украина во знак на солидарност со погодените од конфликтот на повеќе од 4.000 километри.
На таблата на кружниот тек на влезот во селото, натписот Украина го замени Фуентес де Андалузија, а до него беше насликано сино-жолто знаме, пренесе Ројтерс.
Во селото со повеќе од 7.100 жители источно од Севиља, некои улици се преименувани во Град Киев, Одеса и Мариупол.
„Главната цел е да се подигне свеста за конфликтот во Украина“, изјави локалниот жител Франциско Мартинез за британската агенција додека стоеше на улицата Киев.
Тој рече дека промената на името е повеќе од гест и дека селаните во рок од два дена собрале 3.500 евра за планираниот центар за бегалци.
Селото сака да понуди домови за најмногу 25 бегалци во центарот или во домовите на селаните.
Рафаел Осуна (68), пензионер, изјавил дека во својот дом ќе прими брачен пар од Украина бидејќи живее сам во голема куќа.