Семејствата на Американците заробени во Украина: „Не сме се слушнале со нив со денови, исчезнаа“

пред 3 години

Семејствата на двајцата поранешни војници од Алабама кои се бореле во Украина велат дека со денови немаат слушнато за нив.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Александар Друек (39) и Енди Хујн (27) биле заробени за време на жестока битка во близина на Харков минатата недела, велат нивните соборци. Друке и Хујн служеле како доброволци во редовната единица на украинската армија.

Американскиот пратеник Роберт Адерхолт изјави дека Хујн доброволно се пријавил да се бори во Украина и дека неговото семејство нема информации за него од 8 јуни, кога тој бил во регионот Харков, во близина на руската граница. Хујн и Друке наводно биле заедно во тоа време.

Адвокатката Тери Севел рече дека мајката на Друке стапила во контакт со нејзината канцеларија претходно оваа недела, откако изгубила контакт со нејзиниот син, пишува „Гардијан“.

Американските власти соопштија дека ги истражуваат извештаите дека сепаратистичките сили во Украина заробиле најмалку двајца американски државјани. Ако тоа се покаже дека е вистина, тоа ќе бидат првите Американци заробени од Русите од почетокот на инвазијата на 24 февруари.

Џон Кирби, портпарол на Белата куќа за национална безбедност, денеска изјави дека засега не може да ги потврди извештаите за исчезнати Американци. Тој повтори дека не е безбедно за американските граѓани да одат во Украина.

„Украина не е безбедно место за Американците. Ако сакате да ја поддржите Украина, има многу други начини да го направите тоа, кои се побезбедни и подеднакво ефективни“, рече Кирби.

Фаќањето на двајца Американци во Украина, пишува Телеграф, ќе биде дипломатски чувствително бидејќи Кремљ би можел да се обиде да го искористи настанот како доказ дека Америка е директно вклучена во војната. Владимир Путин, рускиот претседател, најверојатно ќе бара големи отстапки за нивно ослободување.

Еден соборец на двајцата заробени Американци, кој разговараше за „Телеграф“ под услов да остане анонимен, рече дека тие биле заробени откако налетале на голема руска единица минатиот четврток.

„Бевме на мисија и целата работа одеднаш стана целосно луда. Имавме неточни информации. Ни кажаа дека градот е чист, а се покажа дека Русите веќе го напаѓаат“, рече тој.

„Тие дојдоа по пат со два тенкови Т-72 и повеќе оклопни возила и околу 100 војници. Се што имавме таму беше нашата единица од околу 10 луѓе“, додаде тој.

„Зазедовме одбранбена позиција, а Друке и Хујнх истрелаа ракета кон руското возило и го уништија. Ова, за жал, го привлече вниманието на еден од руските тенкови, кој испука истрел во нивна насока“, изјави соборецот на заробените Американци.

Набргу потоа, тенкот бил онеспособен од противтенковска мина оставена од украинските борци на патот. Но, двајцата Американци потоа исчезнале и се верува дека биле заробени од руски војници.

Share
Scroll to Top