Сергеј Лавров разговараше со државниот секретар на Ватикан за Украина

пред 2 години

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во разговор со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Петер Паролин го претставил ставот на Москва за конфликтот во Украина.

Според соопштението, Лавров го кажал принципиелниот став на Русија во однос на причините и целите на специјалната воена операција што се спроведува во Украина и во однос на загриженоста што ја изразил кардиналот Паролин поради ситуацијата во Украина, пренесува Ројтерс.

Во него се додава дека двете страни изразиле надеж дека четвртиот круг разговори меѓу Москва и Киев ќе се одржи што е можно поскоро за „да се бара договор за клучните прашања што стојат во основата на кризата и да се реши кризата и да се запрат непријателствата“.

Share
Scroll to Top