Серија земјотреси во Србија

пред 3 години

Два земјотреси за неколку часа ја погодија Србија. Во 5 и 15 часот е регистриран потрес во околината на Крагуевац со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес е регистриран синоќа во 23 и 25 часот со јачина од 3,9 степени, со епицентар во околината на Крагуевац.

Во саботата, пак, неколку минути пред полноќ земјотрес со јачина од 3,9 степени го погоди Младеновац.

Ана Младеновиќ од Рударско-геолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, по повод овој земјотрес изјави дека не треба да се занемари и посочи дека не е најсилниот земјотрес што може да го погоди подрачјето.

Share
Scroll to Top