Очигледно, Северна Кореја е подготвена за седмата нуклеарна проба, изјави денеска неименуван претставник од претседателскиот кабинет на Јужна Кореја, објавија медиумите во светот.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Пред нуклеарната проба, Пјонгјанг би можел да тестира балистички ракети, додал функционерот, пренесува агенцијата „Џонап“.
Владата во Сеул има намера да направи многу детални акциони планови за Северна Кореја и други регионални и глобални прашања пред претстојниот состанок меѓу претседателот Јон Сук-јеол и неговиот американски колега Џозеф Бајден, рече функционерот.