Се затвора најголемиот град на Нов Зеланд поради три нови случаи на Ковид-19

пред 3 години

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн нареди тридневно затворање на градот Окланд поради појава на три неразјаснети случаи на Ковид-19.

На граѓаните на најголемиот град во Нов Зеланд, кој брои 1,7 милиони жители, им е наредено да останат дома од полноќ, кога започнува карантин на трето ниво во кој се затвораат училиштата и бизнисите, покрај основните услуги.

Ардерн рече дека затворањето е воведено само поради случајот дека „тоа може да биде еден од побрзо преносливите видови на Ковид за кои мора да дејствуваме со висок степен на претпазливост“.

Премиерката ја објави мерката по итен состанок со други врвни владини претставници. Таа рече дека решиле да пристапат претпазливо додека не дознаат повеќе за епидемијата.

Се работи за мајка, татко и ќерка од Окланд, кои се заразени со новиот вид на вирус. Официјални лица изјавија дека мајката работела во компанија за перење алишта на авиокомпанија, а се истражува дали има врска со заразени патници. Според информациите, жената не се качувала сама во авионите.

Ова затворање е прво во последните шест месеци и претставува значителен неуспех во голема мера успешните напори на државата да го контролира вирусот.

Нов Зеланд, со население од 5 милиони луѓе, пријавил нешто повеќе од 2.300 заразени и 25 починати од почетокот на пандемијата.

Share
Scroll to Top