Се огласи Залужни за првпат по разрешувањето

Се огласи Залужни за првпат по разрешувањето

пред 2 години

Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, за првпат се огласи на Телеграм по неговото разрешување, истакнувајќи дека моментално не извршува никаква функција.

– Чест и одговорност чувствувам пред секој бранител на Украина и покрај тоа што моментално не ја извршувам функцијата – напиша тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ден претходно најави оставка на Залужни и на негово место го назначи Александар Сирски, кој претходно командуваше со копнените сили.

Минатата есен, некои локални и западни публикации пишуваа за можен конфликт меѓу шефот на режимот во Киев и врховниот командант на вооружените сили на Украина. Така, Вашингтон пост објави дека Залужни, кој е популарен меѓу своите сограѓани, може да претставува закана за Зеленски доколку реши да започне политичка кариера.

Текстот Се огласи Залужни за првпат по разрешувањето е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top