Се огласи Трамп по изборот на новиот папа: Голема чест за нашата земја

Се огласи Трамп по изборот на новиот папа: Голема чест за нашата земја

пред 8 месеци

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес му честиташе на новиот папа Лав 14 за изборот за нов поглавар на Католичката црква, наведувајќи дека е „голема чест“ што тој е првиот американски папа.

Американскиот кардинал Роберт Превост, кој денес го зеде името Лав 14 откако беше избран за папа на конклава во Ватикан, е по потекло од Чикаго.

„Честитки до кардиналот Роберт Франсис Превост, кој штотуку беше назначен за папа. Голема чест е да се дознае дека тој е првиот американски папа. Каква возбуда и каква голема чест за нашата земја. Со нетрпение очекувам да се сретнам со папата Лав 14. Тоа ќе биде многу значаен момент“, напиша Трамп во објава на платформата TruthSocial.

Текстот Се огласи Трамп по изборот на новиот папа: Голема чест за нашата земја е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top