Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

пред 6 часа

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.

Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.

Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.

Текстот Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top