Се укинува задолжителното носење маски на аеродромите во Европа

пред 2 години

Носењето маски повеќе нема да биде задолжително на аеродромите и летовите во Европа, објавија денеска Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што се наведува новите препораки ќе стапат на сила на 16 мај, пренесува Ројтерс.

„Од следната недела, маските за лице повеќе нема да мора да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти ширум Европа за јавниот превоз“, рече извршниот директор на EASA, Патрик Ки.

Share
Scroll to Top