Се урна авион на РАФ во Велика Британија

пред 3 години

Авионот „Хок Т1“ на британското воено воздухопловство се урна во Корнвол, пренесува „Скај њуз“.

Воени извори потврдија дека урнатиот авион е од 736. морнариска ескадрила, со седиште во Калдроус.

Полицијата соопшти дека службите за итни случаи се наоѓаат во областа Сент Мартинс во Хелстон, по извештајот за падот на авионот. Јавноста се моли да ја избегнува областа.

Share
Scroll to Top