Се урна рудник во Судан, над 30 загинати

пред 2 години

Најмалку 31 човек загина во уривање на приватен рудник за злато во западен Судан, соопштија денеска официјални лица.

„ Телата на 31 лице се извлечени по падот на мина во местото Ан Нахуд, во суданската држава Западен Курдуфан. Само едно лице е спасено“, изјави директорот на рударската компанија Калед Дахвеи, пренесе „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top