СЗО: Вакцината на „Астра зенека“ е добра и за лица над 65 години

пред 3 години

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека вакцината на „Астра зенека“ може да се дава и на лица постари од 65 години, пренесува Би-би-си.

Експертите на СЗО велат дека вакцината на „Астра зенека“ треба да се користи и во земјите каде циркулираат варијанти на коронавирус што ја прават вакцината помалку ефикасна.

Поголемиот интервал помеѓу две дози на вакцина на „Астра зенека“ ја прави истата поефикасна, сметаат експертите на СЗО.

Стратешката група на специјалисти за имунизација на СЗО, попозната како SAGE, ги разгледувала податоците собрани од клиничките испитувања на вакцината на „Астра зенека“.

Нивните привремени препораки велат дека вакцината има ефикасност од 63%.

Но, податоците од клиничките испитувања во Јужна Африка велат дека вакцината нуди минимална заштита од благи и умерени форми на Ковид-19. Имено, варијантата на вирусот кој циркулира во таа земја мутирал на начин што му помага на вирусот да избегне создавање имунитет преку вакцини или претходна инфекција.

Научниците од Оксфорд, кои беа вклучени во развојот на вакцината на „Астра зенека“ очекуваат дека истата треба да спречи вакцинирани лица да добијат потешки симптоми на Ковид-19 или да завршат во болница.

„Нема причина поради која употребата на вакцината на ‘Астра зенека’ не треба да се препорачува во земји каде кружат нови варијанти на коронавирус“, рече доктор Алехандро Кравијото, директор на експертската група на СЗО.

Share
Scroll to Top