СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

пред 3 години

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирус треба да му даде на светот значителна контрола над вирусот следната година.

„Животот на кој сме навикнати пред пандемијата – мислам дека е многу, многу возможен повторно, но мора да продолжиме да одржуваме хигиена, физичко растојание. Вакцините не значат дека нема да имаме случаи на корона. Сепак, ставањето на вакцината во игра ќе ја сруши кривата, ќе завршат рестриктивните мерки и ќе ни даде контрола над болеста“, рече Рајан, како што објави „Ројтерс“.

Тој додаде дека е неопходна свесност за потребата од намалување на шансата короната да продолжи да се шири.

„Јас советувам голема претпазливост за време на новогодишните празници. Во Ирска, од каде што сум, во кујната може да има 15 луѓе кои лупат компири и подготвуваат оброци за Божик заедно. Не смееме да го направиме тоа сега”, додаде Рајан.

Share
Scroll to Top